Кошаркарите на Монако славеа во драматичниот натпревар против Реал Мадрид со 100-95 во 18. коло на Евролигата. Се одигра многу израмнет меч во кнежевството, а на крајот домашните стигнаа до основната цел, а тоа беа бодовите. Факундо Кампацо беше енигма за Монако, па тој со 28 поени го предводеше Реал низ натпреварот. Сепак, тоа не беше доволно за позитивен резултат. На спротивната страна се истакна Окобо со 22 поени, а 15 уфрли Мајк Џејмс, ...
Тимот на Монако славеше над Реал Мадрид со 100:95 во вечерашното дерби во рамките на 18. коло во Евролигата. Домаќините го добија првиот дел со 47:43, „кралевите“ беа подобри во третиот период и со резултат 70:70 се влезе во завршните 10 минути. Тука подобро се снајдоа избраниците на Спанулис и ја забележаа 11. сезонска победа. Окобо со 22 поени беше лидер кај Монако, а на другата страна Кампацо запиша дабл-дабл од 28 поени и 10 асистенции. ...

