Фудбалерите на Каљари се пласираа во осминафиналето на италијанскиот Куп, откако со конечни 4-1 (1-1) го совладаа второлигашот Фрозиноне. Домашниот состав имаше повеќе од играта и заслужено прогресира во следната фаза, а стрелци на головите беа Гаетано, Борели ,Феличи и Кавуоти. Гостите на паузата имаа нерешен резултат (1-1) откако мрежата ја затресе Едоардо Вергани, но немаа сили за нешто повеќе на гостувањето во Сардинија. Каљари лесно ја ...

Екипата на Удинезе оствари триумф над Палермо во Копа Италија (2-1) и го завери учеството во осминафиналето на најтрофејното натпреварување на „чизмата“. Домаќините на својот стадион „Фриули“ постигнаа два гола во првото полувреме, „залиха“ која се покажа како сосема доволна за триумф и прогрес во следната рунда. Стрелци за тимот од Удине беа Николо Заниоло и Ленон Милер. Италијанецот стрелаше во 41. минута, а двојната предност стигна само ...