Новото летно засилување Виктор Ѓекереш го имаше своето деби за фудбалскиот клуб Арсенал, но нема да биде запаметен по победата на Тотенхем со 1:0 (Сар 45) во Хонг Конг, во првото дерби на Северниот Лондон одиграно надвор од Островот. Препорачано Новиот напаѓач на „топџиите“, кој е предмет на жестока дебата со Спортинг веќе еден месец, влезе во игра во 77 минута на местото на Каи Хаверц, но не играше добро, ниту покажа премногу страст, ...

Составот на Тотенхем славеше над Арсенал со 1-0 на пријателскиот меч кој пред околу 50.000 гледачи се одигра во Хонг Конг. Ова беше историско соочување затоа што двата големи ривали од северен Лондон за првпат ги одмерија силите надвор од Обединетото Кралство, битка која ја добија „петлите“ и тоа со атрактивен погодок постигнат во завршницата на првиот дел. Папа Матар Сар го матираше Раја скоро од половина терен со тоа што „топчиите“ сметаа дека ...