Утринава најстудено во Битола и во Берово, каде е измерена минималната температура од -4 степени, а најтопло е во Гевгелија, каде се измерени 4 степени целзиусови. Како што информираат од УХМР, во Прилеп минималната температура е -3, додека -2 степени целзиусови се измерени во Тетово, Штип, Кавадарци и Охрид. Во Лазарополе и Крива Паланка минималната температура е -1 , во Струмица, Куманово, Дебар, Претор, Демир Капија е 0, во Скопје-Петровец, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд поинтензивни во западните делови, а претежно во југозападните делови со услови за краткотрајни грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 6 до 15 степени. Во Скопје променливо облачно, наутро магливо и претежно тивко. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно, магливо и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 12 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за ...

Најстудено утрово е во Берово, -4 степени, а температури под нулата има и во Битола и Прилеп каде што се измерени -2 степена. Како што информира УХМР, 0 степени се измерени во Крива Паланка, Охрид, Претор и Попова Шапка, 1 степен во Штип, 2 во Тетово, Струмица и Лазарополе, 3 во Виница, Кавадарци и Маврови Анови, 4 во Крушево, 5 степени во Скопје – Зајчев Рид и Демир Капија, 6 во Скопје – Петровец и Велес и 9 степени во Гевгелија. На Попова ...