Ерик Тен Хаг после осум месеци ја заборави етапата во Манчестер Јунајтед и си пронајде нов амбициозен ангажман, бидејќи уште во месец јуни беше претставен како нов тренер на германскиот вицешампион Баер Леверкузен. „Фармацевтите“ го ангажираа холандскиот стручњак и му ветија сериозен проект и покрај заминувањата на Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг, а доказ за тоа се осумте доведени фудбалери во краток временски интервал. Најзвучни засилувања ...

Новиот тренер на Баер Леверкузен, Ерик Тен Хаг, зборуваше за можноста да го доведе кај себе Бразилецот Антони, со кого соработуваше во Ајакс и во Манчестер Јунајтед. Антони одигра одлична полусезона во шпанскиот Бетис и за него има интерес од повеќе европски клубови, но Тен Хаг вели дека немало разговори за преселба во Германија. „Не сум разговарал со Антони на оваа тема, но тој е секогаш добредојден во мојот тим. Го познавам од самиот почеток ...