Работата на стадонот во Битола траела околу 40-тина дена и биле потрошени околу 150.000 евра. На стадионот поставени се нови столчиња на јужната трибина, целосно е обновена и обложена тартан патеката (просторот меѓу теренот и трибините), службените простории и медија делот се целосно опремени со мебел и потребен инвентар, набавени се нови клупи за резервни фудбалери, уреден е ВИП просторот, а стадионот доби и донација од ФФМ на современ ЛЕД ...

Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија професионално и во потребните рокови го завршија процесот на реновирање и приспособување на стадионот „Петар Милошевски“ за одигрување на меѓународни натпревари од високо ниво, информираат од Општина Битола. Како што стои во информацијата, стадионот ја помина инспекцијата на Европската фудбалска унија (УЕФА) и доби лиценца за втора категорија, што вклучува меѓународни натпревари и на клупско ...