Лоша миризба, празни улици, по некој пешак и автомобил, и камиони кои постојано носеа песок за затрупување. Ова е денешната слика по вчерашниот голем пожар кој што ја зафати фабриката за рециклирање електронски отпад и пластика во Трубарево. Најголем дел од жителите се затворени во своите домови, никој од нив не заминал. Но, ако ваквата состојба трае подолго време размислуваат да одат кај свои блиски роднини. Оние кои ги сретнавме ни кажаа дека ...

Непријатен мирис, загаден воздух, терен прекриен со тони песок. Ова остана да сведочи по страшниот пожар во магацините со електронски отпад и пластика. Денеска во Трубарево е тивко, полицијата го обезбедува теренот и не дозволува пристап на лице место каде што изби пожарот. Речиси и да нема луѓе во околината на складиштата кое во саботата гореше до доцна во ноќта. По некој жител кој дошол да си ги земе потребните работи, и привремено да го ...