Соединетите Американски Држави се обратиле до Кина преку повеќе канали со цел да започнат разговори околу високите царини од 145 проценти воведени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, објави денес профил поврзан со кинеските државни медиуми на платформата Веибо. „САД проактивно контактираа со Кина преку повеќе канали, надевајќи се дека ќе водат разговори за прашањето со царините“, напиша профилот Јуџуан Тантијан, повикувајќи се на ...

Кина соопшти дека ја разгледува можноста за трговски разговори со Соединетите Американски Држави, што е прв знак откако Доналд Трамп ги зголеми царините минатиот месец дека разговорите меѓу двете страни би можеле да започнат. Кинеското Министерство за трговија денеска соопшти дека забележало дека високи американски претставници постојано ја изразуваат својата подготвеност да водат разговори со Пекинг за царините и ги повикало претставниците во ...