Откако ДИК излезе со став дека секој може да биде биран и да биде избран, од Зелен хуман град кои собираат потписи за да формираат политичка партија ова го толкуваат како создавање на нов лавиринт од институциите за да се оневозможи граѓанските активисти да учествуваат на изборите. Горјан Јовановски од Зелен хуман град тврди дека толкувањето на законот може да направи само собранието, а не произволно пет до 12 часот. Интервјуто со Јованоски го ...

Во Единствениот регистар за политички партии кој се води во Основниот граѓански суд Скопје до 7 август годинава беа евидентирани вкупно 66 политички партии, а една е во процес на регистрација. Постапки за регистрација на политички партии можат да се водат во судовите во Тетово, Штип и Битола. Според информациите на МИА во судовите во Тетово и во Штип во моментов нема постапка за регистрација на нови партии. Зелен хуман град и Зелените од Гази ...

Имаат право да учестуваат на изборите, но не се знае под кои услови. Вака накусо може да се опише ситуацијата пред независните граѓански иницијативи кои планираат да учествуваат на локалните избори во октомври со свои листи. Дамоклов меч над граѓанските иницијативи претходно беше обидот да им се наметне повисок законски праг за кандидирање на изборите. Но, Уставниот суд на 20-ти мај годинава одлучи да ги укине членовите 17 и 18 од Законот за ...