Јувентус има уште една недела за да се ослободи од неколку прекубројни играчи, а деновиве се очекува официјализирање на трансферот на Тиаго Џало во редовите на Бешикташ. Турскиот клуб сака да го зголеми квалитетот во својот ростер и почнал преговори за португалскиот бек, кој никогаш не доби вистинска шанса во италијанскиот тим. Последната сезона Џало беше испратен на заем во редовите на Порто, а со оглед на тоа дека не е во плановите на Игор ...
Раководството на Вилјареал постигна договор со ПСЖ и ќе се засили со досегашен голман на европскиот шампион. Арнау Тенас се враќа во Шпанија, својата земја која ја напушти пред две години кога од редовите на Барселона се пресели во ПСЖ. Тенас во овој период одигра само осум натпревари во дресот на францускиот првак, а последните потези на Луис Енрике и раководството го натераа да размислува за менување на средината. Медиумите најавуваат дека ...