На научно ниво, слушањето музика предизвикува бројни реакции во мозокот. Се активира лимбичкиот систем, центарот за емоции и се лачат невротрансмитери како допамин и серотонин, кои се директно поврзани со чувството на среќа и задоволство. Затоа често се вели дека „музиката ја лекува душата“ – затоа што буквално може да ја подобри нашата ментална состојба. Брзите ритми и веселите мелодии стимулираат енергија, мотивираат и поттикнуваат ...

Д-р Рума Баргава, која го води проектот за заштита на менталното здравје на Светскиот економски форум (WEF), објасни како стресот негативно влијае на целото тело. Таа првенствено посочи како стресот, анксиозноста или депресијата влијаат на нервниот систем. „Ќе имаме нарушувања на спиењето, кои на долг рок можат да доведат до болести како што се Паркинсонова или Алцхајмерова болест. Започнува во мали чекори, кога прекумерно се лачи хормон на ...