Министерството за внатрешни работи денеска излезе со нови детали за вооружената пресметка што го потресе Тетово. Според официјалните информации, инцидентот се случил околу 12:30 часот на крстосницата меѓу улиците Илинденска и Благоја Тоска, кога дошло до пукање помеѓу лица од две возила. За време на пресметката се случила и сообраќајна незгода, по што двете возила го напуштиле местото, едното кон улица 113, а другото во непознат правец. Од ...

Еден починат и четворица повредени во вооружена пресметка во Тетово. Околу пладне, лица од две возила во движење пукале еден кон друг. Во престрелката направиле и сообраќајка. По инцидентот, едниот автомобил побегнал. Според проверките на полицијата, се работи за возило со тетовски регистарски таблици кои се одјавени, а во сопственост на 19 годишник од тетовското село Гајре. Другиот автомобил е пронајден на лице место. Во него и едно безживотно ...