„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО, каде што се очекува да се донесе историска одлука секоја земја-членка да го зголеми буџетот за одбрана од сегашните 2% на 5% од БДП, како пратеничка од Либерално-демократската партија денеска упатувам јавен повик до претседателот на Собранието за одржување на затворена седница на македонскиот парламент следната недела, со една единствена точка на дневен ред: Национална позиција за Самитот на НАТО и ...

Како што вели Зајкова, оваа седница мора да се одржи зад затворени врати, каде ќе присуствуваат премиерот на државата, министерот за надворешни работи и министерот за одбрана, затоа што одлуките кои се очекуваат ќе значат дефинитивно нова ера за безбедноста на Македонија, економијата и геополитичката позиција на нашата држава. „ЛДП целосно го поддржува предлогот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Одбраната нема цена. Слободата нема ...