Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби и од Романија (79-66) и се прости од претквалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2027 година, затоа што по три меча забележа три порази. Така, дуелот со Унгарија кој ќе го играме дома ќе биде од ревијален карактер, за кошаркарска чест, ако не ја сметаме онаа луда теорија дека победа од 39 разлика над Унгарците и триумф на Романија над Унгарија може да не одведе понатаму. „На ...

Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во претквалификациите за Светското првенство. Подобра од нас беше селекцијата на Романија која го оправда статусот на фаворит и не совлада во Орадеа со 79:66. За разлика од соочувањето со Унгарија во Солнок каде бевме разбиени, овојпат бевме конкурентни, покажавме друго лице и селекторот Марјан Илиевски е задоволен од прикажаното. –На денешниот меч овој млад тим покажа карактер, по ...