Оваа седмица нема возбудувања во Лигата на шампионите, но во наредните две ни следат клучните дуели, полуфиналните битки по кои ќе биде познати кои екипи ќе се борат за трофејот на „Алијанц Арена“ во Минхен. Полуфиналните двобои се Барселона-Интер и Арсенал-Пари Сен Жермен и е навистина тешко да се прогнозира кој ќе помине во следнава фаза и дојде на само чекор од пехарот. Овен Харгривс како човек од фудбалот се обиде да истипува и неговиот ...

Остануваат само уште пет натпревари до крајот на оваа сезона во Лигата на шампионите, а она што е јасно дека Европа ќе добие нов првак, нов крал, наследник на Реал Мадрид кој беше елиминиран во четвртфиналната рунда. Арсенал и Пари Сен Жермен се на едната страна, Барселона и Интер се на другата, па дефинитивно ќе биде интересно кој ќе дојде до „Алијанц Арена“ и Минхен. Гери Невил како поранешен фудбалер и сегашен стручен аналитичар со внимание ...