Чешка е првата земја која праќа воздухоплов за гаснење на шумските пожари во земјава. На активираниот ЕУ механизам за цивилна заштита претходно одговорија и Словенија и Франција. Пожарникарите од Словенија, кои и во 2021 година ги спасуваа шумите и селата од огнените јазици во Малешевијата пристигнуваат утревечер во Берово. -Словенечката екипа ќе тргне утре околу пладне и се очекува да пристигне во вечерните часови. Ќе бидат сместени во Берово, ...

Македонија добива значајна меѓународна поддршка во борбата со шумските пожари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување информираше дека вечерва околу 18:00 часот на скопскиот аеродром се очекува пристигнување на седумчлена посада од Република Чешка со хеликоптер „Блек Хок“. Покрај воздушната помош, утре наутро околу 5:00 часот во Берово ќе пристигне и тим од 61 словенечки пожарникар со 18 противпожарни возила. Оваа интернационална ...