Со двочасовна блокада на главниот влез во Битола од правецот на Скопје, жителите го искажаа својот револт против начинот на кој се изведува новиот булевар во овој дел од градот. Велат дека сообраќајница им го отежнува животот, ги уништува малите бизниси и ги остава без пристап до домовите. Бараат покрај главниото пат да има сервисна улица од каде ќе можат да влегуваат дома и во деловните објект, во спротивно ќе мора да ги затворат дуќаните. ...

Основното јавно обвинителство иницирало истражна постапка против 42 годишен жител на Битола, осмоничен за кривично дело – убиство, член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Како што информира ЈО, осомничениот 42-годишен битолчанец вчера во „Новиот пазар“ во Битола, се обидел да лиши од живот едно лице. Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два удари ...