Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, утре попладне и во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни утре кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, ...

За време на овој празничен викенд времето во нашата Република Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Денес (Велика сабота, 19 април) особено во Повардарието, повремено ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец. Утре (во недела), пак (Велигден 20 април), ќе биде претежно тивко, или со сосема слаб ветер од променлив правец. Метеопрогнозерот Славчо Попоски предвидува стабилно, суво и ...

Охрид, 18. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во деновите од Велигденскиот викенд кој е пред нас времето ќе биде стабилно, сончево и топло со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минимална температура ќе се движи од 4 до 10°C, а максималната во државата од 18 до 25°C. Во Охрид денес сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб ...