Не успеа обидот на ДУИ во Собранието да иницира надзорна расправа по повод ужасната трагедија во Кочани. Интегративците сметаа дека парламентот требал да дебатира за случајот бидејки истрагата добивала етнички призвук. Според претседавачот на Комисијата Пренџов пак, ДУИ правела циркус од трагедијата, што предизвика бурна реакција кај Блерим Беџети. На собраниската комисија за политички систем „за“ предлогот на ДУИ подршка даде само опозициската ...
Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој институциите на правдата го водат процесот – под јасен политички притисок и со намера вината да се префрли кај други, за да се заштитат сопствените луѓе на власта. Информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од предметот се повлекол, поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено ...
Жителите на Кочани се уште тешко се враќаат на секојдневните обврски, атмосферата низ градот е мачна. Не бледнеат сеќавањата за кобниот 16 март кога од пожарот во т.н. клуб „Пулс“ загинаа 62 лица Ограден паркинг и забранет пристап до објектот – еден месец по кобниот 16 март, пред т.н. клуб „Пулс“ се уште стои полициска лента. А тука е и постојаниот полициски надзор. Од уличката која води кон задната страна на објектот, се стигнува на само ...