Тоа го покажува истражување спроведено на 1.000 случајно избрани Германци, спроведено од Аутоскаут. Истовремено, според германскиот весник Билд, новоизбраниот комесар за климата, Холанѓанецот Вопке Хукстра, се залага за одложување на забраната. На почетокот Германија воопшто не сакаше да потпише каков било договор за забрана. Поради тоа ЕУ мораше да попушти во врска со синтетичките горива. Меѓутоа, некои Германци се спремни да одат и подалеку. ...

И покрај противењата, Европската комисија продолжува со имплементацијата на оваа одлука. Една од земјите кои се противат на нејзината примена е Италија. Ова не е прв пат извршната власт на чело со премиерката Џорџа Мелони да го бара тоа. Италија е загрижена дека забраната за продажба на автомобили на бензински погон во Европа би значела крај на автомобилската индустрија, бидејќи електрификацијата ја отвора вратата за поголемо присуство на Кина. ...