Скандалозното однесување на комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, во последните месеци ги оживеа долгогодишните сомнежи за нејзините врски со југословенската служба за државна безбедност, УДБА. Прашањата околу нејзината личност повторно излегуваат на виделина откако таа покажа целосна неспособност – или можеби неподготвеност – да ги брани паневропските интереси на Западен Балкан, пишува Бгнес во својот коментар. Покрај тоа, Кос целосно и ...

Иако Југославија како држава со формат на федерација од шест републики и две покраини не постои веќе 35 години, а УДБА е укината речиси 20 години пред распадот, бугарските медиуми, т.е. агенцијата БГНЕС, понудата на еврокомесарката Марта Кос за олеснувач во евентуален македонско-бугарски дијалог за билатералното прашање поставено како услов во македонскиоте евроинтеграции – ја протолкува како „задача“ на Кос од непостојната југословенска тајна ...