Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД и Иран во сабота во Оман ќе одржат директни разговори за иранската нуклеарна програма. „Се надеваме дека ова ќе доведе до мир. Бевме многу јасни дека Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје и мислам дека тоа е она што доведе до овој состанок“, рече Рубио за време на состанокот со кој претседаваше американскиот претседател Доналд Трамп. Во исто време, портпаролката на Стејт ...
САД и Иран позитивно ги оценија денешните индиректни нуклеарни преговори со посредство на Оман, по што американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи имале кус директен разговор. „Специјалниот пратеник Виткоф му нагласи на Арагчи дека му е наложено од претседателот Трамп да најде решение за разликите меѓу нашите две нации преку дијалог и дипломатија, доколку е можно“, се вели во соопштението ...