Младинскиот репрезентативец на Македонија, Славчо Шулески е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Средниот бек на Тиквеш доаѓа во таборот на новиот суперлигаш и од следниот месец ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков. Се работи за 20-годишен ракометар, роден во Струга, кој во претходните сезони го носеше дресот на Тиквеш. Висок е 180 сантиметри и летово ќе ја репрезентира Македонија на Светското младинско првенство во Полска. ...

Денеска во дербито од плејофот во најдобрата македонска ракометна лига екипата на Еурофарм Пелистер на гости со 29:23 славеше против Алкалоид. Препорачано После првото полувреме битолската екипа во салата Автокоманда имаше позитива од 18:14. Во победничките редови по пет голови имаа Дејан Манасков и Урош Борзаш, следени од Усана Хосни кој запиша пет погодоци. На спротивната страна најдобар стрелец на мечот беше Александар Петковски со шест ...