Во период од неполни 24 часа, Реал Мадрид остана без тројца дефанзивци до крајот на актуелната натпреварувачка сезона, а тоа е само уште една потврда за малерозната кампања која ја имаа „кралевите“ кога се во прашање повреди на важни играчи од првиот тим. Реал вчера во првата фаза од денот информираше дека Антонио Ридигер направил операција на коленото кое му правело проблеми со месеци и дека ќе паузира неколку недели, во продолжение соопшти ...
Карло Анчелоти е во големи проблеми на крајот од сезоната. Ферлан Менди и Антонио Рудигер се на пауза, но тоа не е сè – надвор од терените ќе биде и Давид Алаба. Германскиот стопер ќе отсуствува поради операција на коленото, и со тоа ќе отслужи пет од шесте натпревари од суспензијата што ја доби за неспортско однесување во финалето на Купот на Кралот. Ферлан Менди се повреди во првото полувреме од Купот и ќе биде надвор од терените околу десет ...