За повеќе од половина општини во земјава познат е барем по еден кандидат за градоначалник за есенските локални избори. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ досега објави 40 номинации, меѓу кои и за Скопје. Орце Ѓорѓиевски е кандидат во трката за градоначалник на метрополата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Мицкоски, вели дека продолжуваат внатрепартиските консултации. Се разговара и за соработката со ЗНАМ и „Вреди“. Не открива дали има договор за поддршка ...
Претседателот на партијата Алтернатива Зеќирија Ибрахими, вели дека нема амбиција да се кандидира за градоначалник на Чаир како дел од колаицијата Вреди. -Ниту тогаш, ниту сега имам амбиција да се кандидирам за градоначалник на Чаир. Можам да кажам дека само ги почитувам одлуките донесени од субјектот што го застапувам. Верувам дека има многу кандидати кои ќе го освојуваат Чаир и не се гледам себеси како најдобар кандидат за освојување на Чаир, ...