Во Владата нема место за соработници на ДУИ. Директна порака до Таравари од неговите партнери ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ. И без него владината коалиција е стабилна, а парламентарното мнозинство е двотретинско – велат партиите на власт. Премиерот Мицкоски веќе го најави пиењето последно кафе со Таравари и му посака здравје, иако не очекувал дека ќе се врати во прегратките на ДУИ. Интегративците, пак, остануваат на ставот за предвремени парламентарни ...

СДСМ го коментираше фактот што Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари ја напушти владеачката коалиција. Според партијата, тоа е доказ дека полека, но сигурно и граѓаните и политичките партии кои се уште се дел од владината коалиција гледаат дека премиерот Христијан Мицкоски ја води државата во провалија. -Арбен Таравари вчера соопшти дека органите и телата на Алијанса за Албанците едногласно одлучиле да излезат од Владата и да се ...