„Беспоговорно, комплексна и тешка е задачата и/или определбата да се издвојат канонските автори меѓу нашите современици, особено оние автори со активен творечки опус. Но ако се има предвид творечкиот резултат и рецепцијата, односно валоризацијата од книжевната критика (и тоа и кажаното и намерно или ненамерно премолченото), обемот на досегашниот опус и неговата поетичка кохерентност, недвојбена е констатацијата дека Раде Силјан е еден од ...
Генералната оценка во предговорот под наслов „Поетот на нашето време – есенцијата на Силјановата песна“, е дека „Лажно време“ од Раде Силјан е проект со впечатливи творечки и креативни достоинства, поетско дело во кое „се чита едно и современо и севремено тагување и тихување над сите болки, над сите болести и сите таги и сите премрежја на својот, но и заради својот народ, јазик, семејство, роден крај.“ Во оваа смисла Весна Мојсова – Чепишевска, ...