Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека во текот на вчерашниот ден во Македонија имало вкупно 66 пожари на отворен простор, меѓу кои и шумски пожари. Од нив 51 се целосно изграснати, под контрола се 3 пожари, а утрово активни се 12 пожари. Тој кажа дека во овие 66 пожари имало и запалени депонии и дека таа опасноста не треба да се потценува, како што беше случајот кај Дојран. Вели дека на ниво на држава ...
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на последниот пресек во однос на пожарите во државата, информира дека состојбата е тешка, но не е алармантна. Според него, како држава имаме доволно припадници на Армијата и полицијата. Вели дека граѓаните не можат секаде да бидат од корист. -Граѓаните може да бидат корисни во одбрана на населените места или ако е загрозено некое село. Во гаснењето на пожарите, граѓаните не треба да учествуваат, освен доколку ...