Обвинението за пожарот во „Пулс“ се уште не е оценето, а според праксата што ја истакнуваат од Кривичен тоа може да се случи во септември. Од судот денеска посочија примери од други пообемни предмети со над 30 обвинети, како што се „Синџир“, „Адитив“ и 27 април, за кои поминале околу 3 месеца од поднесување на обвинение до оценка. Се уште течат рокови за дел од одбраната да достави приговор. До денеска пристигнале 40 приговори од обвинети и ...
Обвинението за пожарот во дискотеката „Пулс“ е во фаза на оценка, информираат од скопскиот Кривичен суд. Оттаму велат дека до нив се доставени 40 приговори од страна на обвинетите и нивните бранители кои се проследуваат до обвинителството. Од судот појаснуваат дека приговорите се анализираат од страна на Советот за оценка по што треба да биде донесена одлука за која јавноста на време ќе биде известена. Со обвинението се опфатени 37 физички и ...