По завршувањето на ограничената мерка за брутопрофитната маржа за околу 1.000 производи остана прашањето-какви цени ќе нè пречекаат во маркетите? Трговците засега не се подготвени да одговорат. Граѓаните анализираат со стравувања и очекувања. Подготвени се на непријатни изненадувања, а се надеваат дека ќе нема големи промени во цените. Министерството за економија смета дека имаше ефекти од ограничените маржи со дефлација во март од 1,3 проценти ...
Втор ден без замрзнати цени и маржи, ценовниците низ маркетите останаа непроменети. Засега нема поскапување на основните прехранбени продукти, како и на хигиенските производи. Граѓаните кои утринава излегле да пазарат ни рекоа дека на рафтовите се уште стојат старите цени, но поучени од минатото, стравуваат дека повторно наеднаш ќе поскапи се’. „Бев сабајле ама немаше. Исти се цените како минатите денови, да. Тоа што купив е исто, не знам ...