Газдата на Пуцко петрол, Асмир Јахоски, кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, вчера се појави на фотографии фотографирани во Истанбул, Турција. Фотографијата на која тој е сликан со славеникот, неговиот татко и чичко, беше објавена на социјалните мрежи. Според информациите, тој побарал времено да му биде вратен пасошот, па така, неговото заминување во Истанбул, е законско, бидејќи судиите според се уште неофицијални ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со Асмир Јахоски, осомничениот во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино за тоа како му е издаден пасош за еден ден, рече дека прашањето е како е донесена одлука од Судот да се врати предметната патна исправа на осомниченото лице, а не зошто МВР постапило согласно одлуката на Судот. Препорачано -МВР постапува согласно одлука донесена од ...
Скопскиот Апелационен суд одлучи да му го врати пасошот на Асмир Јахоски, осомничен во случајот за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, за да може да присуствува на матурата на својот син во Истанбул. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја поддржа оваа одлука, земајќи како гаранција имот вреден речиси милион евра и средства над 1,1 милион евра. И покрај ова, за Јахоски остануваат важечки мерки на претпазливост, вклучувајќи ...