Се претставува како новото лице на Скопје — млад, енергичен и решен да ја „смени играта“. Но, прашањето е: колку ново може да биде нешто што делува веќе видено? Амар Мециновиќ, 29-годишник од Скопје, потекнува од Чаир. Во медиумите често раскажува за детството во мешана средина, каде – како што вели – „секојдневно се собирале педесетина деца и играле граница“. Сега, пак, тој е на политичкото игралиште – и се обидува да покаже дека знае каде е ...

По завршувањето на гласањето во вториот круг на локалните избори, Левица одржа прес-конференција на која ги презентираше првичните информации од теренот. Портпаролот Круме Богоевски истакна дека нивниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, има предност на одредени избирачки места во однос на противкандидатот Ѓорѓиевски. „Помина денот од вториот круг за локалните избори, каде за првпат Левица имаше свој кандидат. Задоволни ...

Да се обидеме надежта којашто ја создадовме во првиот круг да ја преточиме во одлука, само така можеме да ги промениме нештата и од Скопје да направиме поубаво место за живеење, порача кандидатот за градоначалник на метрополата од „Левица“, Амар Мециновиќ. Рече дека привилегија било што се наоѓа на гласачкото ливче, но, за негова визија да ја преточи во реалност-повика на излезност в недела. Мециновиќ со ветување, доколку ја добие довербата и ...