Ниту прифатена, ниту одбиена – управните судии воопшто не ни одлучуваа по тужбата на судијата Андреј Димовски против Судскиот совет поради оценувањето за унапредување во повисок суд. Поради кои причини го сторија тоа ќе се знае откако Управниот суд ќе ja објави пресудата писмено. Одбраната најави жалби до Вишиот Управен, бидејќи според нив Судскиот Совет не изнел никакви нови докази во однос на тврдењата на судијата дека не бил праведно оценет ...

Управниот суд ја отфрли тужбата на судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд против судскиот совет. Тој го оспоруваше начинот на кој бил оценет односно дека не му биле доделени поени соодветно на условите што ги исполнил а токму оценката од судскиот совет е клучно за рангирање и унапредување на судијата во повисокиот суд. Димовски бараше и замрзнување на неодамна направениот избор за унапредување на 6 граѓански судии во скопска Апелација но ...