Се отвори небото над Скопје, арената е во ерупција по одличниот натпревар и храбриот меч на македонската фудбалска репрезентација која има фантастични 1:1 со пресилната и далеку фалена Белгија! Прекрасно издание на наите фудбалери кои изгинаа на теренот против скапиот и силен тим на гостите. Дека има правда и дека можеби истата е спора се потврди вечерва на арената каде во 86 минута се случи експлозија, се случи гол и тоа каков на Алиоски за 1:1 ...

Репрезентацијата на Македонија успеа да израмни со Белгија (1-1) со атрактивен гол кој го даде Езџан Алиоски. Крилниот играч со еден спектакуларен шут од прва по нафрлена топка од нововлезениот Дарко Чурлинов успеа да го совлада голманот на Белгијците и да донесе израмнување и делириум на Арената. Ако се согледаат настаните, овој епилог во Скопје е заслужен, затоа што Македонија имаше повеќе шанси за гол, две стативи, поништен гол со ВАР, како ...