На територијата на Република Северна Македонија регистрирани се вкупно четири пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а изгаснат е пожарот кај Слупчане. Активни се пожарите во: 1. Општина Чашка – с. Богомила (мешана шума) 2. Општина Македонски Брод – с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума) Под контрола е пожарот во: 1. Општина Долнени – с. Стровија, позади место викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума) ...
Директорот на дирекцијата Стојанче Ангелов во видео изјавата информира дека активен пожар има кај село Богомила, општина Чашка. Пожарот има зафатено површина што претходно била сечиште, каде што има голем број суви гранки и отпаден материјал, што дополнително ја отежнува интервенцијата. На терен е испратен ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, кој помага во расчистувањето на теренот и обезбедува логистичка поддршка на локалните ...