Бојан Миовски немаше добра прва сезона во дресот на Џирона за која настапи на вкупно 25 натпревари и постигна 4 погодоци од кои два беа во Купот на Шпанија против нисколигашот Екстрамадура. Македонскиот репрезентатвец се соочи и со повреди, понекогаш беше и заборавен од тренерот Мичел што може да доведе до тоа тој да си замине од Каталонија по само една мината сезона. Шпанските медиуми пренесуваат дека Џирона е отворена за понуда за напаѓачот, а ...
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски веројатно ќе ја напушти Жирона во летниот преоден рок. Интерес за Миовски повторно покажува шкотскиот великан Селтик. Миовски минатото лето од Абердин пристигна во Жирона за сума од 8.500.000 евра. Во Каталонија немаше добра сезона, постигна 4 гола во 25 натпревари во сите натпреварувања, но речиси не играше во вториот дел од сезоната, поради повредите, но и поради одлука на тренерот. Миовски има ...