Вчера во 10.10 часот на улицата „Цветан Димов“ во Скопје, возило „мерцедес“ управувано од М.Д.(75) од Скопје, удрило во товарно возило „фиат дукато“ паркирано од Х.И.(60) од Куманово, кое по инерција од ударот удрило во товарно возило „МАН“ паркирано од Л.Ш.(42) од Скопје, а потоа и во Х.И., кој стоел до возилото кое претходно го паркирал. На местото на настанот починал М.Д., а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана ...
На 01.05.2025 во 00.10 часот на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ѓ.(46) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ѓ. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,60 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај ...