Ракометниот клуб Бутел со пораз од Алкалоид (22-31) ја затворија сезоната во Суперлигата. На овој натпревар скопскиот клуб се прости од петмина ракометари. Од Бутел по крајот на сезоната и по истекот на договорите заминуваат капитенот Бојан Блажески кој осум сезони бранеше за клубот, а покрај него се простија и Антонио Николовски, Драган Шољиќ, Кристијан Давитковски и Христијан Милошески. Бутелци им се заблагодарија на сите за придонесот за раст ...
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер одржа завршна церемонија за акционерите и спонзорите. Шампионот на Македонија на настан во Битола ги сумираше впечатоците, зборуваа првиот човек на клубот Зоран Стерјев и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, а потоа збор имаа тренерот Раул Алонсо и капитенот Филип Кузмановски. pelister-ceremonija2.png Пелистерци со крајот на сениорската сезона се простија со пет имиња од тимот. На истекот на договорите ...