Најмалку осум лица се мртви по пукотницата што се случи утрово во Грац, во училиште во округот Ленд во Австрија. Вооружен човек отворил оган во средно училишта. Според австрискиот „Кронен цајтунг“, неколку стотици полицајци моментално се на местото на настанот, вклучувајќи ги и членовите на единицата „Кобра“. Штаерската полиција вели дека операцијата почнала околу 10 часот наутро, откако внатре во училиштето се слушнале истрели, соопшти ...

Масакрот во средното училиште во Грац, Австрија, е дело на ученик во училиштето, кој сметал дека бил злоставуван, тврдат австриски медиуми, откако беше објавена веста дека најмалку осум лица се мртви по пукотницата што се случила утрово во училиште во округот Ленд. Австриските медиуми објавуваат дека дека напаѓачот испукал куршуми во две училници. Меѓу жртвите имало и наставници и ученици. Според веродостојни извори, во моментот 9 лица се мртви, ...