На 22.05.2025 околу 09.00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, на делница Градско-Фариш, патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.С.(71) од Струмица, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка С.С.(73) од Струмица, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци. ...

На 23.05.2025 во 22.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес, товарно возило „рено мастер“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(42) од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрил во заштитна ограда. После тоа, М.В.(44) од с.Трубарево, скопско, кој управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, избегнувајќи го товарното возило „рено“, ...

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 22:30 часот на експресниот пат Прилеп–Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино–Велес. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, товарно возило „рено мастер“ со регистарски ознаки од Крива Паланка, управувано од 42-годишниот А.Ѓ. од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда. По првиот инцидент, друго товарно возило од ...