Во раните утрински часови пред станбена зграда во солунската населба Сикиес одекнала силна експлозија, информира грчкиот весник „Катимерини“. Според првичните информации, детонацијата била предизвикана од експлозивен механизам поставен и активиран од засега непознати сторители. Од експлозијата е причинета значителна материјална штета, оштетени се влезот и прозорците од зградата, фасадите на околните објекти, како и неколку паркирани возила во ...
Две лица, кои случајно се нашле во близина, се полесно повредени од експлозијата на бомба поставена пред станбена зграда во источното предградие во Солун, во која според грчките медиуми живее затворски службеник, јави дописничката на МИА од Атина. Експлозијата се случила кусо по 2 часот, а била толку силна што ја слушнале и на оддалеченост од еден километар. Според државната телевизија ЕРТ, во моментот на експлозијата, девојче и момче минувале ...