На 10 креативни работилници, млади таленти од Западен Балкан ќе имаат можиност да ги развиваат и снимаат своите први кратки или долгометражни филмови. Во тек е повикот за првата онлајн-работилница за развој на први филмови со експерти од платформата First Film First. Повикот е отворен најдоцна до 15 мај и е наменет за млади помеѓу 15 и 25 години, кои имаат идеја или сценарио за снимање на краток филм. Работилницата ќе почне во втората половина ...

Едукацијата на млади таленти од областа на филмот е целта на мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts што е формирана во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој се спроведува со поддршка на Британскиот совет. Иницијатор на мрежата е „Планет-М“ од Скопје, организатор на Филмскиот фестивал „Џифони Македонија“, а партнери се: „Филм арт“ од Пожега, Србија (организатор на фестивалот и кампот за документарни ...