Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупевска, во гостување на поткастот „Претрес со Ландов“, не ја исклучи можноста за коалицирање со ДУИ на локалните избори, а за нивниот лидер Али Ахмети даде пофални зборови. Таа посочи дека коалицијата не би била проблем доколку позициите кои би ги договориле, нема да бидат доведени во прашање. На прашањето какво е нејзиното мислење за Ахмети, Чупевска, без двоумење го опиша како доста искусен политичар кој вешто ...
„Ние сме отворени да соработуваме со сите партии, меѓу нив е и ДУИ. Коалицирањата ќе бидат ‘тејлор мејд’ во околностите кои треба да бидат бирани кандидатите. Принципиелните позиции кои што би ги договориле не биле доведени во прашање, не би имале проблем СДСМ да коалицира со Али Ахмети. Искусен политичар е Али Ахмети, доста искусен. Тој збор мислам дека многу кажува. Тој има навистина големо искуство во политиката и вешто ги брани интересите на ...