Според соопштението на „Енаекс“, издадено доцна синоќа по локално време, меѓу загинатите се шест мажи и три жени. Несреќата се случила во вторник околу 5:50 часот по локално време, во објект од 25 квадратни метри каде што се подготвувале експлозиви за транспорт, изјави полковник Хилер, командант на противпожарната бригада на бразилската држава Парана, како што објави денес бразилскиот портал G1. Според соопштението, објектот бил целосно уништен ...

Во голема експлозија во фабрика во рускиот регион Рјазан загинаа 11 лица, а 130 се повредени, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации во соопштението на Телеграм. Министерството соопшти дека спасувачите сè уште пребаруваат низ урнатините на местото на несреќата, околу 320 километри југоисточно од Москва. Гувернерот на регионот Рјазан, Павел Малков, во петокот изјави дека несреќата е предизвикана од пожар што избувнал во работилница во ...

Пет лица загинаа, а 112 се повредени во експлозија и пожар во фабрика за експлозиви во рускиот регион Рјазан, објавија руските новински агенции во петокот. Пожарот започнал во работилница за барут во фабриката за синтетички влакна „Еластик“ и ја предизвикал експлозијата. Спасувачките операции продолжуваат, бидејќи се верува дека под урнатините има уште луѓе. Истражниот комитет отвори кривична постапка за прекршување на барањата за индустриска ...