Пекол во главниот град. Скопје ги живее најтоплите денови во последните години. Воздухот е врел, асфалтот гори, а температурите се искачија над 40-тиот степен. Улиците се празни, сенките стануваат спас за граѓаните кои викендов се во главниот град. Неиздржливото време предизвикува здравствени проблеми кај граѓаните. Колапси по улици, слабост, отежнато дишење. Итната медицинска помош веќе бележи интервенции – и покрај апелите, граѓаните не ...

Македонија денеска се соочува со еден од најтоплите денови во летото, со максимални температури кои достигнуваат дури 43 степени Целзиусови. Времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност, а ветерот ќе дува од југ со слаб до умерен интензитет. Утринските температури се движат меѓу 14 и 22 степени, а дневните ќе се искачат меѓу 36 и 43 степени. Во главниот град, жителите на Скопје ќе се соочат со исто така исклучително топол ден. ...