Во овој момент за нула евра сме ја задолжиле државата. Фискалниот совет за јавниот долг направил пресметки врз основа на она што го имал како информации од медиумите, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска. Како што истакна, одговaрајќи на новинарски прашања, дополнителен јавен долг создава проектот со „Бехтел и Енка“ на чие завршување Владата е сега фокусирана. Димитриоска Кочоска е децидна дека долгот се регистрира ...

Државата ќе бара поволен заем од 1,91 милијарди евра. Денеска и утре министерството за финансии до сите меѓународни банки ќе прати писмо за интерес и врз основа на понудите ќе ја избере најповолната кога ќе ја финансира изградбата на брзата пруга. На листа се 15-тина реномирани институции со кои сме соработуавале, како Светска банка, ЕБРД, ЕБ, Дојче банк и слично, па која ќе даде најниска камата ќе склучиме договор со неа и ќе почне ...