Времето утре ќе биде променливо облачно, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Во западните делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Најстудено утро ќе биде во Маврово, со минимална температура од 9 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, каде се очекува температура до 33 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде сончево, со повремена облачност. ...

Во остатокот од оваа недела во Македонија ќе имаме многу топло време, тоа значи дека остануваме под влијание на многу топлата воздушна маса од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец. Сепак поради продор на малку поладен воздух од север на висина, во Македонија ќе имаме делумно дестабилизирање на атмосферата и попладневен развој на ...