Раздвижување на рацете и на прстите за да им се врати функцијата, ова го препорачуваат лекарите од странство на повредените во несреќата во Кочани, вели докторката Анета Бајалска, од Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје која ја помина британската обука. Преку практични примери научиле како да им помогнат на пациентите кои имаат сериозни повреди од изгореници. Освен пациентите коишто имаат повреди на рацете, главата и ...

Тим на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација денес дојде во болницата во Кочани за да се запознае со здравствената состојба на повредените пациенти од трагедијата во дискотеката „Пулс“ , текот на нивното лекување и рехабилитација и за да ги стави своите ресурси на располагање на кочанските колеги. Зборуваме за тимови кои што се едуцирани со помош на тимот од Англија кој спроведе детална обука за третирање и рехабилитирање на пациенти ...