Вечните ракометни ривали Вардар и Еурофарм Пелистер денеска од 17:30 часот во салата „Билјанини Извори“ во Охрид ќе се соочат во големото финале на македонскиот Купот. Скопјани гледаат кон 17-тиот пехар во Купот, а битолчани го бараат првото славје во ова натпреварување по пауза од 20 години. По вчерашните полуфинални натпревари, денеска време е за крунисувањето на новиот Куп-освојувач. Вардар во драматичен натпревар го елиминираше актуелниот ...
Вардар имаше одличен старт на мечот, поведе со 6-2 и ја одржуваше таквата предност, на полувремето црвено-црните имаа три гола предност, беше 17-14. Во вториот дел беше исто, Вардар ја чуваше предноста, Пелистер се обидуваше да се доближи, но не успеваше, конечниот резултат беше 31-27. Мечот беше исполнет со многу борба, имаше и тензија на теренот која е вообичаена кога се игра вечното дерби. На трибините двата тима имаа поддршка од своите ...