Во среда (20 часот) се игра големото финале на Купот на Македонија во кое силите ќе ги одмерат Вардар и составот на Струга Трим Љум. Ова се два тима кои имаат искуство со играње во завршницата на ова натпреварување, два тима за кои овој меч е од огромно значење затоа што победникот освен што ќе освои трофеј ќе обезбеди и место во Европа. Средбата на националната арена „Тодор Проески“ ќе биде испратена и со ВАР системот што значи дека ќе ги имаме ...
На покана од ФК Вардар АД, а со помош и од ФФМ, како специјален и почесен гостин повикан е и во Скопје допатува легендата на македонскиот фудбал и на Вардар, Андон Дончевски. Поранешниот фудбалер и тренер на црвено-црните непосредно пред финалето во Купот ги посети фудбалерите во тренинг-кампот за да им даде поддршка пред пресметката со Струга Трим Лум. Се очекува одличен амбиент во Скопје, илјадници навивачи и меч за паметење на Арената „Тодор ...